Изминатиов период се одиграа првите две кола во рамките на квалификациите за пласман на Европското ракометно првенство во 2020 година. Во ЕХФ неделата активцни беа и 11 ракометари од Вардар кои имаа настапи со своите селекции.
Беше прогласен и најдобриот тим после првите две одиграни кола. Во него место имаше Данилл Шишкарев кој е избран за најдобро десно крило. Шишкарев постигна дури 13 голови во триумфот на Русија на гостувањето кај Словачка.
Покрај него во идеалниот тим се најдоа уште и капитенот на Македонија, Кирил Лзаров ( десен бек), потоа Алфред Квинтана ( голман) Микел Хансен ( лев бек), Енди Шмид ( среден бек), Јакуб Хрстка ( лево крило) и Бенце Банхиди ( пикер).