Поради зголемен интерес за мечот со Барселона, кој е закажан за на 11-ти ноември во С.Ц. Јане Сандански, од клубот решија да пуштат дополнителени 500 билети за стоење, по цена од само 150 денари.
Откако целата арена се распродаде, од Вардар даваат можност на оние најбрзи 500 кои ќе купат билет, да го проследат во живо дербито против Барселона. Истите веќе се пуштени во продажба кои можат да се набават на билетарницата и преку www.ticketplus.mk