Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Четири дуели за момците и девојките на РК Вардар, пионерите утре го играат 1.коло
Четири дуели за момците и девојките на РК Вардар, пионерите утре го играат 1.коло

Четири дуели за момците и девојките на РК Вардар, пионерите утре го играат 1.коло

Викендов младите ракометни, машки и женски екипи на ракометниот клуб Вардар ги очекуваат нови предизвици во своите првенства. Пионерите на РК Вардар предводени од Зоран Петковски-Зенга ќе го одиграат првото коло во новата сезона 2018/2019. На програмата кај момците се три натпревари, во продолжение противниците и термините за истите.

*Младинци: Струга-Вардар, недела 13-30 (Сала „Нико Нестор“)

*Младинци: Вардар Јуниор- Пролет 62  недела 14-00 (Сала“ Ј.Сандански“)

*Пионери: Металург-Вардар, сабота 15-30 ч. (Сала “Автокоманда“)

Кај дамите не очекува само еден натпревар овој викенд, кадетките и пионерките ја одиграа есенската полусезона. Единствено кај дамите останува за одигрување во овој викенд  гостинскиот дуел на младинките:

*Младинки: РК Кичево 10-Вардар, недела 13-30 (Сала „Јанчица“ )