Првенствената табела по одиграните 12 рунди изгледа одлично. Тимот на Вардар е лидер со два бода повеќе од Шкендија и со осум пред третопласираниот тим на Академија Пандев.
За добрите резултати на “црвено – црните” и досега освоените 27 бодови е најзаслужна одбраната на Вардар на чело со голманот Филип Гачевски и дефанзивецот Евгениј Новак. Вардар до овој момент има примено само седум погодоци, што го прави да ја има убедливо најдобрата одбрана во ПМФЛ.
Покрај споменатите Новак и Гачевски, тука не ги забораваме секако и сега веќе одличниот стопер Манев, потоа капитенот Попов, како и бековите Брдаровски, Тошевски и Тодороски.