Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младиот ЖРК Вардар одигра егал дуел со фаворитот Куманово, минимален пораз во финишот кој е само потврда на добрата работа
Младиот ЖРК Вардар одигра егал дуел со фаворитот Куманово, минимален пораз во финишот кој е само потврда на добрата работа

Младиот ЖРК Вардар одигра егал дуел со фаворитот Куманово, минимален пораз во финишот кој е само потврда на добрата работа

Некогаш и поразот е победа, особено кога ќе се победиш самиот себе… Младиот тим на Вардар денес покажа дека е збир на храбри девојки кои може на “жежок терен“ со фаворизиран противник, значајно помлади, со серија повредени да се игра “машки“ и во егал скоро до крајот на дуелот. Во женската Супер   лига, во рамки на дербито во 10.коло,  Куманово  го пречека младиот тим на  ЖРК Вардар. Избраничките на Симовски, Ристова и Царчев се бореа храбро во текот на целиот дуел, во поголем дел од него го надиграа домаќинот, кој единствено на искуство успеа кога се кршеше резултатот да дојде до триумф. Ние на полувреме отидовме со водство, во финишот кумановки победија со 29-27 (12-13)  на оваа средба.

Домаќинот отвори фуриозно, со почетни 3-0 на самиот почеток и кога се мислеше дека тие ќе го контролираат резултатот нашите девојки се вратија во игра. Со серија 1-3, намаливме само на гол негатива 4-3.  Првпат израмнивме на 7-7,  потоа се до 12-12  се играше гол за гол. Играа мудро црвено-црните, терајќи го ривалот да покаже несигурност и да брка постојано. Нашите ракометарки одлично се носеа со повозрасниот тим, но и атмосферата во салата која беше во корист на домашниот колектив.  Сето тоа не ги поколеба и со гол во финишот успеавме на пауза да заминавме со минимално водство од еден погодок на нашето конто, односно со резултат 12-13.

Отворивме одлично на почетокот и со два гола отидовме за првпат на три гола предност, 12-15. Домаќинот напаѓаше постојано ние  храбро се држевме за еден млад тим. Тие првпат во вториот дел изедначија на  17-17, а потоа поведоа и со 19-17, Сепак и ова не не поколеба и скрши психички, покажавме карактер, повторно влеговме во костец со поискусниот противник и се вративме со два гола за 19-19. Не попуштавме на силниот  притисок на домашниот тим и публика, одговаравме со храброст, па им враќавме за постигнатите погодоци играјќи постојано егал се до 27-27. Кога се кршеше резултатот ние промашивме зицери и пенал, што беше кобно за нас. Домаќинот победи со 29-27 на крајот.

Треба да им се даде признание на сите девојки бидејќи против фаворизиран тим, кој е додатно засилен за европските предизвици кои им следат и против бучна публика која постојано прави притисок над било кој гостински тим нашите девојки до финишот успеаа да останат ладни. За нас прв стрелец беше Трпевска со 6 гола, Гроздановска  имаше 5 погодоци,  а  Коларовска, Петковска  и Седлоска успеаа да погодат по 4 пати. Голманиките Симона Грујовска и Илиќ Андреа имаа по 5 одбрани.

ВАРДАР: Илиќ 5 одб, Грујовска 5 одбр, Трајкова, Божиновска, Џатевска, Ангеловска, Трпевска 6, Гроздановска 5, Костовиќ, Диневска 1, Миновска, Седлоска 4, Коларовска 4, Петковска 4, Дамјановска 1, Николиќ 2.