Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2008 со половичен успех во денешните мечеви од Детската лига
ФК Вардар генер.2008 со половичен успех во денешните мечеви од Детската лига

ФК Вардар генер.2008 со половичен успех во денешните мечеви од Детската лига

Денес на терените на ФФМ, во рамки на Детската лига два дуели одигра ФК Вардар генерација 2008. Момците на Миле Крстев успеаа да дојдат до една победа и забележаа еден помалку несреќен минимален пораз.

Во првиот натпревар Вардар (1) генер. “2008„  излезе на мегдан со тимот на ФК Албарса, на овој меч дојдовме до висока победа резултат 10-1 во еден дуел во кој лесно доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра. Рано поведовме и имавме контола на целиот натпревар во целост.

Решетавме се до 9-0, за нас Ненад Дамјановски постигна дотогаш 3 гола, а Арти Азизи даде два, по еден имаа Лука Трпевски, Иван Ташовски, Петар Блажевски и голманот Лука Грчевски од  пенал. Дури потоа рилалот успеаа да погоди прв пат и намали на 9-1. Сепак веднаш вративме по асистенција на Киш “заби“ Ненад Дамјановски за 10-1. Резултат со кој и се оконча оваа средба.

88

Потоа одиграа момците од ФК Вардар(2), на вториот натпревар се сретнавме со тимот  Спорт ефе и несреќно бевме поразени со гол во финишот со резултат 4-3. Првиот дел го отворивме со наша офанзива и сериозна шанса на Коста Бошковски, сепак не успеавме да ја наградиме нашата доминација со гол. Затоа стигна казна, ривалот најпрвин поведе со 0-1, а веднаш потоа ја удвои разликата и зголеми на 0-2. Се обидувавме да изедначиме, Сребров Филип откосо се обиде пред финишот, сепак и тој удар не донесе намалување на резултатот на оваа средба.

Вториот дел баше далеку потемпераментен, ние напаѓавме со сите сили и успеавме да изедначиме на 3-3.  За нас стрелеци на головите беа Киш, Коста Бошковски и Илија Митаноски.  Со нивните три гола и еден на нашиот противник во финишот од овој дуел влеговме со резултатска симетрија 3-3. За жал на крајот попуштивме реми, противникот поведе со 3-4 резултат со кој се оконча оваа средба.