Денес на терените на ФФМ, во Ново Лисиче тимовите предводени од Филип Спасевски, ФК Вардар генер.2006 одиграа две средби од детската лига. Во двата меча против Њу Старс црвено-црните зебележаа две победи и дојдоа до нови шест бода во детската лига.
Во првиот натпревар ФК Вардар(2) се сретна со тимот на Њу Старс(2) во еден дуел во кој доминиравме дојдовме до победа со 4-3, единствено во финишот одигравме преопуштено кога противникот и се доближи. Почнавме со офанзивна игра и две прилики, шанси за гол имаа Димов и Максим Цониќ на самиот почеток. Противникот се закани сепак на нашиот гол одлично интервенираше Таневски Дамјан. Стапи на сцена Динов Антони кој најпрвин по асистенција на Дамјан Крстевски погоди за 1-0. а потоа со волеј го зголеми водството на 2-0. До пред одморот две прилики имаше и Танчев Михаел кои не ги реализираше.
Вториот дел почна со по еден обид на двете страни, за нас се закани Димов, а потоа ривалот погоди во нашата греда. По соло продор на Олег Михајловски поведовме со 3-0, тој ја мина одбраната и пласираше покрај голманот на противникот. Танчев имаше две прилики, во првата не погоди, во втората умешно асистираше до Антони Димов кој денес со неговиот трет гол зголеми на 4-0. Дојде до мало опуштање во нашите редови поради големата предност противникот намали на 4-2, а имаше и пенал. Сепак на голот фантастично одбрани Таневски Дамјан. До крајот се обидовме преку Мирза Хасиќ и Ангел Настевски да погодиме петти пат. Сепак не успеавме и бевме казнети со гол за 4-3, резултат со кој се заврши мечот.
ФК Вардар(1) дојде до висока победа против тимот на Њу Старс(1) со резултат 9-0. На самиот почеток веднаш по судиската свирка Петар Мицевски отвори со гол за 1-0. Имавме голема офанзива по погодокот, се обидоа да погодат Михаел Николов на два пати, и Нуман Ајетовиќ сепак нивните обиди не донесоа погодок. Потоа Мицевски повторно погоди за 2-0, а со удар од дистаница за високи 3-0 погоди Алтин Нуредини. Одлични бевме во поле, сепак голем проблем беше противничкиот тим кој беше одличен да игра “бункер“ и постојано со сите играчи се бранеше.
Вториот дел го отворивме како и првиот со ран гол во мрежата на ривалот, за нас погоди Алтин Алији кој зголеми на 4-0. Михаел Николов повторно се обиде, голманот го одбрани неговиот удар. Марко Николовски и Алтин Алији одиграа две одлични акции, во првата Марко асисираше, а Алтин погоди за 5-0, во втората на идентичен начин погоди другиот играч. Неговата борбена игра конечно беше наградена со гол, Михаел Николов стрелаше за високи 7-0. До крајот остана уште малку време, но ние погодивме уште два пати. Со головите на Нуман Ајетовиќ и Алтин Алији триумфиравме со високи 9-0 на оваа средба.