Денес, во Кичево во рамки на младинската лига, ЖРК Вардар гостуваше кај тимот на РК Кичево 10. Во еден напревар во кој доминиравме во сите аспекти на ракометната игра дојдовме до лесна и висока победа со резултат 48-6 (20-1). Девојките на Симовски, Ристова и Царчев ја задржаа 100% ефект во младинската лига.
Првиот дел беше приказна за себе, домаќинот во првиот напад успеаа да поведе со 1-0. Сепак потоа на теренот играше една екипа, веднаш изедначивме на 1-1 и до крајот имавме неверојатна серија. Со серија за паметење 0-19 го однесовме дуелот на одмор со предност од 1-20. На нашиот гол, Јована Трајкоска успеаа повеќе 28.минути да остане несовладана, сето тоа дополнето со одличната игра на девојките пред неа во нашата одбрана, и брзите контри донесе вака висока предност.
Вториот дел го стартувавме со нова серија 0-7 со која поведовме со плус 26 гола предност, 1-27. Вкупната серија по првиот гол за водство на домаќинот до тој момент беше 0-27. До крајот продолживме во исти ритам, Кичево 10 успеа да погоди само 5 пати. Нашата победа беше изразена со 42 гола на крајот од дуелот. Новиот триумф го забележавме со резултат 6-48.
Најдобар стрелец беше денес фантастичната Стефанија Ѓорѓиевска, таа заврши на бројката 17 гола, претежно постигнувајќи погодоци од контра-напади и покрај повреда која ја мачи. Динева Бојана имаше 7 гола, а Миновска Сара погоди 5 пати. Јована Трајкоска имаше 8 одбрани, апак А.Илиќ дуелот го заврши со 5 одбрани.