Младинците на Вардар Јуниор стигнаа до втората последователна победа во рамките на групата 2 од младинската лига. Избраниците на Манасков и Петрушевски во големата сала на С.Ц. Јане Сандански ја совладаа екипата на Пролет 62.
Гостинската екипа прва го отвори резултатот и поведе со 0:1, за Вардар Јуниор да врати со два гола во серија, дело на Јанковски и Атанасовски Стефан, за прва предност од 2:1. Уште еднаш му дозволивме на противникот да го почуствува водството кога имаше позитива од 2:3. Остатокот од мечот помина во доминација на нашите младинци, кои не дозволија да ја испуштат предност. Кукуловски беше играчот кој донесе ново водство за Вардар од 5:4, а од тој момент избраниците на Манасков направија и серија од 3:0, откако погодуваа Јанковски, Атанасовски и Кукуловски, за највисоки 8:4 водство за екипата на Вардар Јуниор. Гостинскиот тим се обидуваше да воспостави резултатска рамнотежа и да не дозволи уште по првото полувреме да го загуби мечот. Гостинскиот тим постигна два гола во серија и намали на 8:6 но бргу реагираа Вардарци па со погодокот на Јакимовски повторно имаа четири гола разлика (10:6). На голот застана и Јоаким Анѓеловски кој го замени Кизиќ и веднаш стигна до одбрана. Противникот направи нова серија од 0:3 и стигна до негатива од само еден гол во 17 минута од мечот, во тој момент резултатот беше 10:9. Вардарци сепак имаа контрола на играта, не дозволувајќи на Пролет да дојде до израмнување. Ќосевски и Кукуловски беа расположени за игра, па со нивните голови, Вардар Јуниор повторно ги врати оние највисоки четири гола разлика (13:9), а во 23 минута со нов гол на левиот бек, Кукуловски да зголемиме и на 16:11. До крајот на првиот дел ги задржавме овие пет гола позитива, па на одмор се замина со резултат од 21:16.
Второто полувреме започна со одбрана на Марко Кизиќ, а неговите соиграчи во нападот за зголемување на водството. Јанковски и Јакимовски беа играчите кои му донесоа најголемо водство од 25:18, што беше знак за противникот тренер да побара минута одмор. Кизиќ влезе во серија од одбрани, тоа ни носеше брзи контра-напади кои ги реализира Јанковски за веќе да имаме високи 27:18 во 37 минута од мечот. Кизиќ се разбрани, а тоа беше голем проблем за Пролет кој се обидуваше да ја намали негативата. Манасков и Петрушевски им даваа шанса за настап на сите играчи, а Ќосевски со два гола во серија зголеми на 32:23 во 48 минута од дуелот. Мало олабавување во нашиот состав, што му овозможи на Пролет со три гола во серија да намали на 32:26 на десет минути пред крајот. Пролет стигна и до негатива од четири гола (33:29), а лошата серија на Вардар Јуниор ја прекина Ќосевски кој зголеми на 34:29 на пет минути пред крајот. На крајот победа за Вардар Јуниор со резултат 37:32.
Ова беше трета победа за младинците на Вардар Јуниор во рамките на групата 2 од младинската лига, а трета во серија, откако загубивме во првото коло. Нјафикасен во Вардар Јуниор беше Ален Ќосевски со 8 голови.
Вардар Јуниор: Јанковски 6, Кукуловски 4, Нанов, Јакимовски 8, Постолов, Карапалевски 2, Кизиќ, Т.Атанасовски, Ќосевски 8, Крстевски 1, Трајковски, Ѓорѓиев 3, С.Атанасовски 4, Цветановски, Бикоски.