Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на ЖРК Вардар го “потопија“ Кичево 10, победа в гости со 42 гола позитива, гол-шоу на  Ѓорѓиевска
Младинките на ЖРК Вардар го “потопија“ Кичево 10, победа в гости со 42 гола позитива, гол-шоу на  Ѓорѓиевска

Младинките на ЖРК Вардар го “потопија“ Кичево 10, победа в гости со 42 гола позитива, гол-шоу на  Ѓорѓиевска

Денес, во Кичево во рамки на младинската лига, ЖРК Вардар гостуваше кај тимот на РК Кичево 10. Во еден напревар во кој доминиравме во сите аспекти на ракометната игра дојдовме до лесна и висока победа со резултат 48-6 (20-1). Девојките на Симовски, Ристова и Царчев ја задржаа 100% ефект во младинската лига.

Првиот дел беше приказна за себе,  домаќинот во првиот напад успеаа да поведе со 1-0. Сепак потоа на теренот играше една екипа, веднаш изедначивме на 1-1 и до крајот имавме неверојатна серија. Со серија за паметење 0-19 го однесовме дуелот на одмор со предност од 1-20. На нашиот гол, Јована Трајкоска  успеаа повеќе  28.минути да остане несовладана, сето тоа дополнето со одличната игра на девојките пред неа во нашата одбрана, и брзите контри донесе вака висока предност. received_349600829124149

Вториот дел го стартувавме со нова серија 0-7 со која поведовме со плус 26 гола предност, 1-27. Вкупната серија  по првиот гол за водство на домаќинот до тој момент беше 0-27. До крајот продолживме во исти ритам, Кичево 10 успеа да погоди само 5 пати. Нашата победа беше изразена со 42 гола на крајот од дуелот. Новиот триумф го забележавме со резултат 6-48.

Најдобар стрелец беше денес фантастичната Стефанија Ѓорѓиевска, таа заврши на бројката 17 гола, претежно постигнувајќи погодоци од контра-напади и покрај  повреда која ја мачи.  Динева Бојана имаше 7 гола, а Миновска Сара погоди 5 пати. Јована Трајкоска имаше 8 одбрани, апак А.Илиќ дуелот го заврши со 5 одбрани.