Македонската репрезентација до 19 години од 14. до 20. ноември во Кромериц, Чешка ќе го одигра квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза на УЕФА. Македонија е во група со домаќинот Чешка, потоа Хрватска и Луксембург.
Селекторот на Македонија, Горан Станковски одлучи на кои играчи може да смета за овој квалификациски турнир, а во составот се најдоа и шетс играчи од Вардар. Се работи за Методија Велковски, Стефан Наумчески, Филип Антовски, Али Адем, Јакуп Бериша и Алекс Талески.
Место во Елитната фаза квалификации за Европско првенство обезбедуваат двете најдобри репрезентации од секоја група.