Вардар одново не победи, овој пат на Чаир одигра уште еден катастрофален натпревар и заслужено загуби со резултат 1:0 (0:0). Без никаква идеја во нападите, со многу грешки и со една до две добри прилики, натпревар на Чаир не се добива. Ова беше втор пораз сезонава за “црвено – црните”.
Првото полувреме на Чаир мина без голови и со една добра шанса на двете страни. Се играше 15. минута, а Вардар преку Адем се обиде кој биеше крај голот на домаќинот. Се до 32. минута немаше шанси, односно и двете екипи играа анемично, со многу грешки на средината на теренот. Во 32. минута, еден играч на домаќинот се обиде од слободен удар од преку 30-сетина метри, кој беше лесен плен за нашиот голман. Следуваа двете добри шанси и единствени во првиот дел. Најпрвин домаќинот имаше супер шанса преку Броја во 38. минута од натпреварот, биеше солидно од 12-13 метри а Гачевски одлично одбрани и исфрли во корнер. Следуваше и најголемата и најсериозната шанса за Вардарци во првиот дел. Се играше 40. минута, Лира доби употреблива топка, но беше одкосо од голот и биеше само во добро поставениот голман Алексовски и пропадна оваа најсериозна шанса “црвено – црните” да го отворат резултатот.
Вториот дел започна среќно за Вардар. Во 50. минута Стојковски со одличен удар од 25-метри го совлада Гачевски но за среќа топката заврши во пречката и се одби во поле па така остана 0:0. Првата шанса во вториот дел Вардар ја имаше преку Лира во 54. минута кој се обиде од 15-сетина метри и биеше високо над голот на домаќинот. Во 57. минута домаќинот дојде до водство, стрелец на голот беше Сержињо кој со глава го матираше Гачевски. На Вардар никако не му одеше во вториот дел, па така во игра влезе Јуффо на местото на Попзлатанов во 62. минута. Во 71. минута и Ибиши влезе во игра на местото на очајниот денеска Цветаноски. Во продолжението и Тодороски влезе во игра на местото на Најдовски, но и понатаму остана 1:0 а Вардар не се закани кон голот на домаќинот. Очајната игра на Вардар продолжи и по направените три замени, нашиот тим ама баш никаква идеја немаше како да го загрози голот на противникот. И до крајот на натпреварот Вардар не направи ништо, па заслужено го загуби овој натпревар.