Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ентрериос: Вардар и понатаму е опасна екипа, иако сме домаќини нема да биде лесно
Ентрериос: Вардар и понатаму е опасна екипа, иако сме домаќини нема да биде лесно

Ентрериос: Вардар и понатаму е опасна екипа, иако сме домаќини нема да биде лесно

Вечерва се игра големото дерби во Лигата на Шампионите. За само една недела, Барселона и Вардар ќе одиграат нов натпревар, овој пат во “Палау Блауграна„. Искусниот среден бек на Барса, Раул Ентрериос истакна дека Вардар е опасна екипа, без оглед што направила многу играчи промени и без разлика на домашениот терен, каталонците се претпазливи во пресрет на овој натпревар.

-Вардар и понатаму е опасна екипа, иако направи големи играчки промени. Пред да го одиграме оној прв дуел во Скопје, имаа многу добри резултати во Лигата на шампионите. Се работи за одличен состав со квалитетни поединци. Иако сме домаќини воопшто не сметаме дека ќе биде лесно да победиме. Се надевам дека двата тима ќе бидат на ниво во текот на целиот меч, а љубителите на ракометот ќе проследат добар меч, кој е прогласен за дерби на колото во Лигата на Шампионите, истакна Ентрериос.

Натпреварот започнува од 19:00 часот, а истиот може да се проследи со директен пренос на Арена Спорт 2.