Ракометарот на Вардар, Стас Скубе доби признание за фер плеј пред почетокот на мечот против екипата на Барселона. Ова признание го заслужи со гестот на првиот меч кој се одигра во Скопје, кога поништи судиска одлука, кои дадоа исклучување за Н“Гесан. Тоа ЕХФ го препозна и му додели плакат со признание за фер плеј.