Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ФОТО) РК Вардар со поддршка за „Мовембер“
(ФОТО) РК Вардар со поддршка за „Мовембер“

(ФОТО) РК Вардар со поддршка за „Мовембер“

Месец ноември е прогласен за месец на машкото здравје, а Вардар се приклучува кон ова светско движење.

Секоја година во текот на ноември светски познати личности помагаат да се подигне свеста за болести кои главно ја напаѓаат машката популација, но со редовната контрола може навреме да се откријат и да се лекуваат. Дел од активностите придружени со пуштање симболичното пуштање на мустаќи или брада или едноставно фотографирање со мустаќи помагаат и за подобрување на исхраната, вклучување на спортски активности во животот со цел превенирање на состојби кои може да доведат до болести.

vardar-so-poddrshka-za-movember-grizhete-se-za-vasheto-zdravje-18349

Бројот на поддржувачи кои во текот на ноември не ги бричат мустаќите и брадата, а веќе следниот месец се враќаат на мазниот уреден изглед, расте, а годинава и нашите ракометари се вклучија во светската кампања „Мовембер” со цел да ја подигнат свеста за здравјето на мажите- особено за ракот на тестисите и простатата.

„Ги охрабруваме сите отворено да зборуваат за своите проблеми со здравјето и да нема табу теми. Mовембер има за цел да се зголеми раното откривање на ракот, негова дијагноза и ефикасни третмани со што на крајот ќе се намали бројот на случаи. Покрај одењето на годишен преглед, ги поттикнуваме мажите да бидат свесни за поздрав начин на живот“, велат од Вардар.

Сите ракометари ја поддржуваат акцијата која треба да придонесе за поздрав начин на живот и за надминување на сите предрасуди.