После Горбок и Фереира, во наредниот период екипата на РК Вардар ќе остане и без услугите на Вуко Борозан кој во наредниве денови ќе подлежи на оперативен зафат. Борозан долго време се мачеше со коленото, па реши да стави крај на проблемите.
Повредата е од сличен карактер како на Фереира, се работи за менискус и рскавица, поради што Боразан ќе мора да оди на операција. Се прогнозира отсуство од најмалку два месеци, но подетално ќе се знае откако ќе биде направена операција и првичните прегледи.
Борозан нема да отпатува во Белорусија, за мечот против Брест Мешков во Лигата на Шампионите, кој на програмата е во сабота, а нема биде ниту во составот за дуелот против екипата на Киелце. На позицијата лев бек останува новото засилување, Дисингер, како и Карачиќ кој може да одговори на таа позиција, а тука се и младите Оцвирк и Мишевски.