Помладите пионери на ФК Вардар утрово на теренот на Академијата стигнаа до нова убедлива победа, откако беа подобри од екипата на Ренова. На овој меч, црвено-црните славеа високо со резултат од 7:0.
Тренерот Деспотовски стартуваше со следниот состав: Јовчев, Давков, Марковски, Стојчевски, Трпезановски, Ѓорѓиевски, Алими, Давидовски (c), Прелоговски, Г. Стојаноски, В.Стојановски.
Уште в0 10. минута од мечот го отворивме резултатот со голот на Георг Стојановски за предност од 1:0, додека десет минути подоцна и втор гол во мрежата на Ренова, дело на Грегори Давков. До крајот на првиот дел, односно во 34 минута од мечот, вардарци зголемија и на 3:0 со голот на Харун Алими.
Доминација на Вардарци и во вториот дел од натпреварот. Во листата на стрелци се запишаа и Филип Ѓорѓиевски кој зголеми на 4:0, како и Дамјан Ќосески кој му донесе висока предност на Вардар од 5:0. Во 65 и 75 минута, нови два гола во мрежата на Ренова, дело на Александро Прелоговски и Славче Живков.
Во игра влегоа уште и Живков, Петрушевски, Ќосески, Тасевски, Петковски и Мирков. Ова беше вкупно седма победа за помладите пионери на ФК Вардар сезонава.