Седма победа за Вардар во рамките на СЕХА-лигата. Во С.Ц. Јане Сандански беше совладана екипата на Извиѓач и тоа убедливо со резултат 38:27. Дури тројца играчи постигнаа по 6 голови, тоа беа Кисељев, Војводиќ и Оцвирк, додека на голот Милосављев имаше 11 одбрани, дополнет од 6 интервенции и на Марко Кизиќ.
Погледнете ги најинтересните моменти од победата против Ивиѓач.