Ракометарите на РК Вардар во сабота, 1.декември во Скопје ќе го одиграат последниот дуел за оваа календарска година во Лигата на шампионите. Нас на “мегдан“ ни доаѓа против првакот на Полска, тимот на Киелце.
За дуелот во С.Ц “Јане Сандански“ до овој момент останати се нешто повеќе од 350 билети според информациите на www.ticketplus.mk. Ги повикуваме сите навивачи на Вардар да купат билети и да дојдат во сала да го поддржиме нашиот тим кон победа против Киелце и второ место на табелата во групата А.
– Билети за натпреварот можете да набавите ТУКА.