Еден од најзаслужните што Вардар ќе презими на второто место на табелата и има „само“ пет бодови помалку од Шкендија е играчот од средината на теренот и интернационалец од Камерун, Кларенс Битанг.
Битанг како и сите останати интернационалци, си замина во својата родна земја и оттаму чека разврска околу ситуацијата во најтрофејниот клуб во нашата земја.
Вардар несомнено го „откри” Битанг кој играше во трета лига и сигурно Камерунецот нема намера на лесен начин да си замине од Скопје.
Според нашите информации, Битанг би останал во Вардар доколку работите се средат во брзо време, како и многу други играчи. Доколку работите не се средат во следните (10-сетина дена), е тогаш е многу веројатно дека Битанг ќе си замине од нашиот тим.