Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Slider > РК Вардар ќе “презими„ на второто место во најсилната група А, одличен пласман за “новиот тим“ на Парондо
РК Вардар ќе “презими„ на второто место во најсилната група А, одличен пласман за “новиот тим“ на Парондо

РК Вардар ќе “презими„ на второто место во најсилната група А, одличен пласман за “новиот тим“ на Парондо

Пред нас се десет одиграни кола во најсилната група А од Лигата на Шампионите, во која Вардар ќе “презими“ на одличното второ место на табелата.

Пред стартот на новата натпреварувачка сезона многу беа “скептици“ дека Вардар вака високо ќе биде рангиран на табелата во оваа група на “смртта„. Заминувањето на голем дел од важните играчи беа повод и кај експертите од ЕХФ да не го сместат Вардар ниту во најдобрите осум екипи оваа сезона во ЛШ. Сепак многу бргу дојде до промена на мислењето кај сие оние кои не веруваа во овој “нов„ Вардар. Избраниците на Роберто Гарсија Парондо имаа одличен старт на сезоната, подобар и не можеше да биде, со оглед дека во првото коло го совладавме актуелниот шампион на Европа, тимот на Монпелје и тоа на гостински терен. Тој триумф беше само вовед за добрите настапи и на следните мечеви. Следеше лесна и очекувана победа пред својата публика, против екипата на Кристијанштад, а во третото коло направивме уште едно големо изненадување кога во Унгарија успеавме да го совладаме еден од најголемите претеденти оваа сезона за освојување на ЛШ, тоа е тимот на Веспрем. Серијата од победи ја продолживме во С.Ц. Јане Сандански совладувајќи го тимот на Рајн-Некар, што значеше четврти триумф од исто толку одиграни мечеви за црвено-црните. ЕХФ излезе со нов ранкинг и драстично променото мислење за Вардар, кој се најде во четирите екипи кои имаат шанси да се најдат на завршниот турнир во Келн.

Во ниту една сезона на Вардар не му успеало да стартот да сврзе пет победи, па се надевавме дека такво нешто може да се случи во оваа сезона. Сакамвме да ја промениме историјата и на гостувањата кај Киелце, каде се уште немаме триумф, но од таму дојде првиот пораз за Вардар во ЛШ.

45316253_10157517281560348_329635746375794688_n

Се вративме на победите веќе во следното коло кога пред своите навивачи убедливо го поразивме Брест Мешков, како вовед пред двомечот со екипата на Барселона. Тука доживеавме два последователни порази од тимот кој исто така се наметнува како голем претедент за освојување на Европската титула.  Барселона се покажа како посилна и славеше на двата меча против црвено-црните. Следуваше гостување во Белорусија кај екипата на Брест Мешков, против која успеавме да освоиме бод, голем бод, ако се знае како арбитража имавме на овој меч. Сепак момците се издигнаа над сите судиски неправди и иако имавме негатива од пет гола на крајот успеавме да освоиме бод.

47360964_10157596452980348_5279526688194035712_n

Како “шлаг“ на годината кој беше последен пред преполната арена Јане Сандански го пречекавме “должникот„ тимот на Киелце, кој по голема борба беше совладан. Заслужени два бода со оглед дека имавме предност од стартот на натпреварот.

На тој начин комплетиравме десет кола во најсилната група А и со вкупно 13 освоени бодови се наоѓаме на второто место на табелата. Лидер е Барселона со 18 бодови, додека под Вардар се наоѓаат три екипи кои имаат по идентични 12 освоени бодови, тоа се Рајн-Некар, Веспрем и Киелце кои заедно со нашиот состав до крајот ќе се борат за највисок пласман во групата. Во долниот дел од табелата, Мешков Брест, Кристијанштад и Монпелје “грчевито„ ќе се борат да обезбедат пласман во осминафиналето. Во најлоша ситуација се наоѓа актуелниот шампион на Европа на кој му се “заканува“ елиминација уште во групната фаза.

Во новата година, Вардар ќе ја комлетира групата со по два меча на домашен и гостински терен. Против Рајн-Некар и Кристијанштад на гости и дома против Веспрем и Монпелје.