Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Битанг е во Камерун, неговата иднина ќе биде позната наскоро
Битанг е во Камерун, неговата иднина ќе биде позната наскоро

Битанг е во Камерун, неговата иднина ќе биде позната наскоро

Еден од најзаслужните што Вардар ќе презими на второто место на табелата и има „само“ пет бодови помалку од Шкендија е играчот од средината на теренот и интернационалец од Камерун, Кларенс Битанг.

Битанг како и сите останати интернационалци, си замина во својата родна земја и оттаму чека разврска околу ситуацијата во најтрофејниот клуб во нашата земја.

47269718_1967749359927830_1349314188501057536_n

Вардар несомнено го „откри” Битанг кој играше во трета лига и сигурно Камерунецот нема намера на лесен начин да си замине од Скопје.

Според нашите информации, Битанг би останал во Вардар доколку работите се средат во брзо време, како и многу други играчи. Доколку работите не се средат во следните (10-сетина дена), е тогаш е многу веројатно дека Битанг ќе си замине од нашиот тим.