Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујовиќ: Не треба да се трошат зборови за Вардар, тој е поранешен Европски шампион и екипа која оваа сезона победи екипи како Веспрем и Монпелје на гостински терен
Вујовиќ: Не треба да се трошат зборови за Вардар, тој е поранешен Европски шампион и екипа која оваа сезона победи екипи како Веспрем и Монпелје на гостински терен

Вујовиќ: Не треба да се трошат зборови за Вардар, тој е поранешен Европски шампион и екипа која оваа сезона победи екипи како Веспрем и Монпелје на гостински терен

Вардарци вечерва атакуваат на деветтиот триумф во СЕХА-лигата. Црвено-црните гостуваат во Ниш, на екипата на Железничар. На првиот меч одигран во Скопје нашиот шампион славеше убедливо со резултат 35:20 и ќе се обиде да ја повтори истата игра и на реваншот на теренот на противникот и да слави победа. Поранешниот стратег на Вардар, сега актуелен тренер на Железничар не трошеше зборови за да искаже комплименти за својот поранешен клуб, кој ја искажа силата на екипата која е меѓу најдобрите екипи и во Лигата на Шампионите. Какви се очекувањата на Вујовиќ во пресрет на овој натпревар:

-Апсурдно е да се зборува за Вардар, тоа е поранешен Европски шампион, екипа која во својата група од Лигата на Шампионите се наоѓа на второто место на табелата позади екипата на Барселона. Добија мечеви на гостински терен против екипи како Веспрем и Монпелје и се сметаат за големи фаворити во пресрет на овој дуел. Сепак Железничар го подигна своето своето ниво на форма, агресивност и нема веќе да бидеме екипа против која ќе се подобрува гол разликата. Очекувам еден добар натпревар, на кој ќе се обидеме да пружиме силен отпор, а зошто да не и да го добиеме натпреварот. Можеш да победиш, ако само се обидеш. Очекувам самото име Вардар да донесе многу луѓе во арената и да има добра атмосфера.

Иако Вардар на вечерашниот дуел ќе настапи без неколку свои најдобри играчи, сепак Вујовиќ смета дека Вардар е многу квалитетен да победи секого.

-Јасно е дека нема да играат повредените репрезентативци на Црна Гора, Македонија и Бразил, Мораес Фереира, Стојанче Стоилов и Вуко Борозан, но Вардар има многу моќен состав да може без проблем да ја одигра секоја Европска утакмица, не па камоли во СЕХА-лигата. После лошиот натпревар кој го имаа против Металург очекувам против нас да одиграат максимално сериозно и да видиме ние до кое ниво на игра сме, истакна популарниот Вујо.