Кошаркарите на АВ Охрид го победија нашиот Вардар во еден одличен дуел и на двете екипи. Домаќинот иако имаше негатива, сепак, на крајот успеа да победи со три поени разлика или по четвртини, 83-80 (19-25, 24-15, 19-18, 21-22).
Ова беше втор несреќен пораз за Вардарци, по оној на домашен терен против Гостивар, кога нашиот тим беше поразен во последниот напад. Сега Вардар е на скор од две победи и шест порази.
Поентерски во составот на АВ Охрид се истакна Хил со 24 поени, а имаше и 11 скокови. Двоцифрен учинок имаа уште Милојевиќ 15, Атанасов 12, Миладиновиќ 11 и Младеновиќ 10. Во тимот на Вардар најефикасни беа Провел со 21 поен и Радош со 20.
Фото: KK-AV Ohrid