Шампионската генерација на ФК Вардар, играчи родени “2008„ година имаше одлична полусезона во детската лига. Оваа генерација откако успеа минатите две сезони под водство на Павел Неделковски да ја освои лигата, ќе се обиде оваа сезона истиот успех да го повтори и со новиот предводник, тоа е Миле Крстев. Вообичаено се натпреваруваме со две екипи кои остварија одлични резултати во есенскиот дел.
Вардар (1) успеа да го заврши првиот дел од сезоната со максимален број на освоени бодови. Оваа екипа одигра десет натпревари на кои забележа исто толку победи. Имаме импресивна гол разлика од дури 106 постигнати и само 5 примени голови. Ова се сите постигнати резултати на Вардар (1) во есенскиот дел:
1 коло: Вардар – Викторија 12:0
2 коло: Вардар – Форца 11:0
3 коло: Вардар – Сарај 14:0
4 коло: Вардар – Скупи 9:2
5 коло: Вардар – Беса 23:0
6 коло: Вардар – Албарса 10:1
7 коло: Вардар – Кул 11:0
8 коло: Вардар – Куманово 6:1
9 коло: Вардар – Драчево (1) 3:1
10 коло: Вардар – Њу Старс (1) 7:1
Вардар (2) исто така прикажа добра игра и на десет одиграни меча забележа учинок од шест победи, по два нерешени резултати и два порази. Овој тим постигна 56 голови во противничките мрежи, додека прими 26 погодоци. Сите постигнати резултати на Вардар (2) во есенската полусезона од детската лига:
1 коло. Вардар – Форца 1:4
2 коло: Вардар – Милано 7:3
3 коло: Вардар – Албион 3:3
4 коло: Вардар – Шкупи 8:2
5 коло: Вардар – Фортина 8:2
6 коло: Вардар – Спорт Ефе 3:4
7 коло: Вардар – Нова Колонија 11:3
8 коло: Вардар – Работнички (2) 8:1
9 коло: Вардар – Драчево (2) 2:2
10 коло: Вардар – Њу Старс (2) 5:2