Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар се есенски вицешампиони, преглед на полусезоната
Младинците на ФК Вардар се есенски вицешампиони, преглед на полусезоната

Младинците на ФК Вардар се есенски вицешампиони, преглед на полусезоната

Младинците на ФК Вардар финишираа на второто место во есенскиот дел од сезоната во младинската Супер лига. Избраниците на Ане Андовски одиграа одлична полусезона, на 14 натпревари забележавме 11 победи, 1 нерешен резултат и 2 порази. Единствените неуспеси беа во дуелите со екипата на Шкендија, нашиот единствен и најголем конкурент за трофејот. И двата меча со тетовската екипа беа неизвесни до самиот крај, како што доликува на двете најдобри екипи од младинската лига. Првиот дуел на гостински терен го загубивме минимално (2:1), иако Вардар беше прв кој успеа да го отвори резултатот, сепак до крајот Шкендија успеа да направи резултатски пресврт. Интересно беше и на реваншто во Скопје, каде противникот имаше предност од два гола, но црвено-црните израмнија, за во вториот дел тетовчани да постигнат гол и да го решат победникот.

18u

Освен споменатите дуели, младинците на Вардар несреќно загубија два бода на гостувањето кај Македонија Ѓ.П, кога во последната минута од мечот примија гол, за конечни 1:1 на тој натпревар. На сите останати 11 меча, Вардар одигра квалитетен фудбал и беше надмоќен над своите противници. Имавме и  убедливи победи, а на два пати ги добивавме и дерби мечевите против екипата на Работнички. Постигнавме 39 голови, додека примивме 11 во есенскиот дел од сезоната.

Ова се сите постигнати резултати на младинците во есенскиот дел:

1 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  5:1

2 коло: Шкендија – Вардар  2:1

3 коло: Вардар – Ренова  4:0

4 коло: Вардар – Работнички  2:1

5 коло: Акад. Пандев – Вардар  1:3

6 коло: Вардар – Шкупи  2:1

7 коло: Брегалница – Вардар  0:2

8 коло: Вардар – Победа  5:0

9 коло: Њу Старс – Вардар 0:5

10 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар  1:1

11 коло: Вардар – Шкендија 2:3

12 коло: Ренова – Вардар  0:2

13 коло: Работнички – Вардар 1:2

14 коло: Вардар – Акад.Пандев  3:0

Младинците на Вардар ќе имаат можност да се борат за трофејот во купот, каде на пролет ги продолжуваат настапите во ова натпреварување. Во осминафиналето во еден дуел убедливо го поразивме тимот на Струга Трим Лум со резултат 14:0. Во четврфиналниот двомеч, избраниците на Андовски ја елиминираа екипата на Македонија Ѓ.П. Патникот во следната рунда го решивме уште на првиот меч кога на домашен терен славевме со резултат 5:1, а пласманот во полуфиналето го потврдивме и на реваншот во Ѓорче, каде победивме со 1:2.

Најдобар стрелец во есенскиот дел е Џемал Ибиши кој успеа да постигне 15 голови. Ова се сите играчи кои успеаа да се запишат во листата на стрелци ( во предвид се земаат головите во двете натпреварувања).

u5-660x330

1. Џемал Ибиши 15

2. Давид Велковски, Фитор Реџепи, Јакуп Бериша  по  8

3. Јусуф Мустафа 5

4. Бојан Димоски 4

5. Филип Антовски 3

6. Александар Младеновски, Марио Младеновски и Александар Ѓорѓиески по 2

7. Али Адем, Алекс Талески, Стефан Наумчески 1

423

На пролет стартуваме со осум бодови помалку од екипата на Шкендија, која е лидер во лигата. Третото место е за Македонија Ѓ.П која има 27 бодови, додека четвртопласиран е тимот на Шкупи со 20 бодови.