Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Играчите на Вардар со забележителен придонес во победите на јуниорската ракометна репрезентација
Играчите на Вардар со забележителен придонес во победите на јуниорската ракометна репрезентација

Играчите на Вардар со забележителен придонес во победите на јуниорската ракометна репрезентација

Изминативе денови во спортската сала во населбата Автокоманда се одигрува јуниорски ракометен турнир на кој се натпреваруваа шест рапрезентации. Македонија ја сочинуваат две екипи поделени во А и Б, а покрај нив дел од турнирот се уште и селекциите на Црна Гора, Полска, Србија и Унгарија.

Македонија А успеа да ги добие сите четири одиграни дуели. Славевме против селекцијата на Македонија Б (25:21), потоа против Црна Гора (29:25), Полска (25:22) и вчера триумф против Србија (24:18).

Во вчерашниот триумф против Србија, нашиот голман Марко Кизиќ имаше двоцифрен број на одбранети удари, или вкупно 10 зад неговото име. Мартин Карапалевски од редовите на Вардар Јуниор го заврши мечот со 4 постигнати голови, додека Игор Ѓорѓиев исто така од Вардар Јуниор додаде 2 гола. На мечот со Полска, нашите играчи исто така се запишуваа во листата на стрелци, Карапалевски беше стрелец на два гола, додека еден запиша и Ѓорѓиев. 

Во триумфот против Црна Гора во листата на стрелци се запиша Карапалевски кој постигна два гола. На меѓусебниот меч против Македонија Б, тројца играчи од Вардар Јуниор постигнуваа голови за Македонија А, тоа беа Карапалевски и Ѓорѓиев со по два гола, како и Ален Ќосески со еден погодок.

За Македонија Б настапуваат Андреј Петковски и Тони Атанасовски. Македонија А е прва на табелата со 12 освоени бодови, додека Унгарија е втора со 9. Токму денес за првото место на турнирот играме против Унгарија со почеток од 12:30 часот.