Денес на програмата е последниот натпреварувачки ден на меѓународниот турнир “Трофеј Белград„, на кој ќе се одиграат финалните натпревари во машка и женска конкуренција.
Двете наши пионерски екипи успеаа претходниве два дена да се изборат за пласман во големото финале. Екипата на Студентски Град од Србија ќе биде последната пречка за машкиот и женски пионерски тим на Вардар кон освојување на трофејот на овој силен турнир, на кој учество земаа екипи од неколку различни земји.
Женското финале е закажано во терминот од 12:30 часот, додека еден час подоцна стартува и финалниот дуел во машка конкуренција. Финалните мечеви на нашите екипи можете да ги проследите преку СТРИМ, на следниов. ЛИНК 1 и ЛИНК 2