Ракометната репрезентација на Македонија денес го промовираше новиот дрес, со кој ќе настапи на претстојното Светско првенство кое ќе се одигра во Германија и Данска. Официјалниот партнер на селекцијата „Д-спортска опрема“ ги отвори своите простории за да се направи промоцијата на новата опрема.
Стоилов и Поповски кои ќе бидат единствените вардарци во селекцијата на Македонија го претставија новиот дрес.