Во месец февруари, тимот на Вардар го очекуваат останатите четири натпревари во рамките на најсилната група А од Лигата на Шампионите. На 16. февруари во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Веспрем.
На официјалната страна на Веспрем излегоа со соопштение дека за нивните навивачи ќе бидат обезбедени 200 билети, за дуелот во Скопје против Вардар и цената на истите ќе изнесува 8 евра. Навивачите на Веспрем се едни од најдобрите во ракометна Европа и често го бодрат својот тим и надвор од “Веспрем арената„.
Дуелот сигурно ќе биде дерби на колото, а победникот од мечот ќе има големи шанси да заврши како второпласиран во групата.