Вчера се одиграа голем број пријателски средби како подготовка на селекциите за претстојното Светско Првенство во Германија и Данска. На три дуели настапија дури осум вардарци, руската “колонија“ во црвено-црниот тим постигна половина погодоци за својата селекција.
Вчера во С.Ц. Борис Трајковски се одигра и вториот контролен натпревар помеѓу ракометните селекции на Македонија и Србија. Поуспешна повторно беше Македонија, која славеше минимално со резултат 28:27. Од вардаровите играчи, Стоилов Столе и Мартин Поповски постигнаа по 1 гол. На спротивната страна, Милосављев Дејан не забележа одбрана.
Хрватска се сретна со селекцијата на Италија, “каубоите“ успеаа да издоминираат на оваа средба покажувајќи дека се за класа подобри од ривалот и победија со осум гола предност. Победата дојде со резултат 28-20, за селекцијата која е во нашата група на СП и со која ќе играме на 14.јануари. нашиот среден бек Игор Карачиќ во овој меч беше стрелец на еден погодок.
Руската селекција предводена од Едвард Кокшаров, гостуваше кај тимот на Шведска. На оваа средба Русите изгубија со голема разлика тие беа поразени со резултат 29:18. Интересен факт е дека половина од погодоците ги постигнаа играчи Вардар. Калараш, Дибиров и Кисељев кои погодија по три пати за “Зборнаја“ во овој пораз.