Николас Херанц и Вардар ја прекинаа соработката. Играчот од одбраната дојде во Вардар на почетокот на оваа сезона како прв Аргентинец кој дошол во редовите на црвено – црните и неславно ја завршува одисејата во Скопје.
Одигра само четири првенствени натпревари оваа полусезона и тоа оние пред крајот на есенската полусезона.
Ова е третиот играч кој од Вардар си заминува зимово по Барсегјан и Кировски. Вардар во овој момент нема потврдено ниту едно зимско засилување.