Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Освен Херанц, Васоски го „шкртна“ и Јуфо, Жуниор нов играч!
Освен Херанц, Васоски го „шкртна“ и Јуфо, Жуниор нов играч!

Освен Херанц, Васоски го „шкртна“ и Јуфо, Жуниор нов играч!

Александар Васоски денеска за прв пат прозиваше во новата година. На првиот тренинг на екипата во кампот во Хиподром ги немаше Тигран Барсегјан и Александар Кировски кои претходно си заминаа, како и Херанц, Виктор Нилдо Јуфо и Максим Максимов кои не се во плановите на Васоски.

На првиот тренинг присуствуваат носителите на играта од есенскиот дел, Гачевски, Брдаровски, Мицевски, Тодороски, Лира а Битанг и Новак ќе пристигнат утре.

Новитети засега се младиот напаѓач Бојан Колевски кој е вратен од Борец и Жуниор од Македонија Ѓорче Петров кој треба во текот на наредните денови да му се приклучи на својот нов тим.

Вардар во овој преоден рок има намера да донесе уште неколку нови имиња (крило, играч од средината на теренот и напаѓач).