Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Херанц заминува од Вардар!
Херанц заминува од Вардар!

Херанц заминува од Вардар!

Николас Херанц и Вардар ја прекинаа соработката. Играчот од одбраната дојде во Вардар на почетокот на оваа сезона како прв Аргентинец кој дошол во редовите на црвено – црните и неславно ја завршува одисејата во Скопје.

Одигра само четири првенствени натпревари оваа полусезона и тоа оние пред крајот на есенската полусезона.

Ова е третиот играч кој од Вардар си заминува зимово по Барсегјан и Кировски. Вардар во овој момент нема потврдено ниту едно зимско засилување.