Медија тимот на ЕХФ направи избор на најдобри 30 голови за изминатата година во Лигата на Шампионите. Левиот бек на Вардар, Вуко Борозан со два свои погодоци најде место во овој избор. Првиот е во реваншот од 1/4 финалето против екипата на Кил, додека вториот е против ПСЖ, во борбата за третото место на завршниот турнир во Келн. И двата погодоци се со силни удари, во стилот на Борозан.
Видеото со најдобрите 30 голови можете да го погледнете на линкот, ТУКА.