Нашиот помлад состав РК Вардар јуниор годинава за првпат настапува во најсилната ракометна домашна конкуренција Супер лигата. Овој состав од клупата го води македонската ракометна легенда Пепи Манасков.
Нашите момци лани во првата лига која е второ натпреварување по квалитет во машкиот ракомет во Македонија предводени од искусниот Пепи Манасков едноставно се прошетаа до Супер лигата со освоени максимален број на бодови. Противникот за дебито на младите ракометари на црвено – црните не можеше да биде подобар тоа е тимот на Металург. Мечот е закажан во среда 23 септември во 17-00 часот на домашен терен. Екипата од Автокоманда годинава бидејќи не обезбеди влез во СЕХА лигата ќе игра во разигрувањето кое за првите четири тима носи место во плеј-офф фазата каде дирекно учествува РК Вардар и РК Макс Струмица. Амбициите на јуниор се исто така пласман во првите четири тима и настап во плеј-офф сегментот.
фото:rkvardar.com.mk