Фудбалската федерација за мечот во недела кој ќе се игра во Боговиње помеѓу домаќинот Ренова и нашиот црвено – црн фудбалски колектив за делител на правдата го делегираше Шулески Стефче од Охрид.
Во арбитрирањето на дуелот од ова седмо коло на Шулевски ќе му помагаат Негриески Кирил од Струга и неговиот сограѓанин охриѓанецот Тодоровски Жарко. Дуелот се игра во недела со почеток во 15часот и 30 минути на стадионот на ФК Дрита-Боговиње и од истиот ќе има директен пренос преку видео стрим на официјалниот ју туб канал на ФК Вардар.