Се одигра и второто коло по групи на зимскиот турнир „Еден живот, една љубов” кај генерацијата родени 2004/05 година. Победи остварија екипите на Вардар, Аеродром, Карпош и
Пионерската екипа на Вардар успеа да стигне и до вториот триумф на турнирот, откако ја совлада и екипата на Балтепе. Екипата од Тетово даде отпор само во првото полувреме, кога Вардар имаше предност од само три погодоци 6:9. Вардар беше прв кој го отвори резултатот, но Балтепе во 4.минута ја имаа првата предноста кога поведоа со 3:2. Последното израмнување беше при резултат 4:4, од моментот кога избраниците на Петковски постигнаа три последователни голови и зголемија на 4:7. До крајот на првиот дел успеавме да ја задржиме оваа позитива и на полувреме да имаме водство од 6:9.
Балтепе не му дозволуваше на Вардар предвреме да го реши победникот, па со серија од 4:2 се доближи на само еден гол негатива, кога намали на 10:11. И на овој меч, тренерот на Вардар подеднакво ги распореди силите на теренот и им даваше шанса за игра на сите ракометари. Се одлепивме повторно од противникот, најпрво на 11:14, а потоа и на 12:16. За момент намали екипата на Балтепе, но Вардар со нова серија зголеми на највисоки шест голови разлика (13:19). Беше на прашање со колкава разлика ќе го добиеме натпреварот во своја корист, на крајот победа со резултат 16:24.
Андреј Петрушевски беше најефикасен со 4 голови, додека 3 постигнаа Матеј Трајановски и Маријан Гочев.
До прва победа на турнирот стигна и екипата на Аеродром која убедливо го порази тимот на Драчево. Аеродром немаше многу проблеми на овој меч, дозволувајќи му на противникот да постигне само 6 голови. Уште од стартот на натпреварот, тимот на Аеродром успеа да влезе во серија на погодоци кога поведе со 0:4. Намали екипата на Драчево на 2:5, но следеше голема серија на аеродромци од 0:7 за веќе да имаат и двоцифрена предност од 2:12. На полувреме имаа исто така водство од 4:13.
Во вториот дел, серијата на Аеродром броеше 0:9, кога резултатот на семафорот беше 4:22. Само два гола постигна Драчево во овој дел од мечот, за конечниот резултат да гласи 6:28.
Андреј Петрески, Кристијан Стаменковиќ и Енес Идризи постигнаа по 5 голови.
Екипите на Карпош од Куманово и Преспа од Ресен го отворија второто коло во рамките на групата Б. Поуспешна беше екипата на Карпош која славеше со резултат 33:7 и на тој начин стигна до втората победа на турнирот. Екипата од Куманово беше доминантна на овој меч и на крајот високо триумфираше. Се одлепија уште на стартот Карпош и поведоа со 4:0. Намали за момент екипата од Ресен, но следеше нова серија на кумановчани, со што поведоа со 8:1. Уште по првото полувреме имаа двоцифрена предност, кога водеа со 13:3, за на полувреме да имаат предност од 15:3.
Второто полувреме започна со серија на Карпош 0д 6:0, за веќе убедлива предност од 21:3. Како одминуваше мечот, се повеќе растеше водството за екипата од Куманово, која на крајот славеше со резултат 33:7.
Кај победникот повторно се истакна Давид Димевски кој постигна 19 голови, додека Андреј Цветковски беше стрелец на 6 погодоци.
Второто коло по групи го комплетираа екипите на Бисинов и Урдаревски, натпревар кој го доби екипата на Урдаревски и на тој начин ја забележа втората победа во групата. Туга гледавме неизвесен натпревар, на кој по првото полувреме, Урдаревски беше во водство од 5:6. Само во еден наврат во првиот дел, една од екипите имаше водство од два гола разлика, најчесто се играше израмнето.
На стартот на вториот дел, тимот на Бисинов го израмни резултатот на 6:6, но Урдаревски повторно се одлепи на два гола позитива (6:8). Урдаревски беше поприсебен во последните пет минути од мечот кога одржуваа предност од два гола разлика, на крајот и триумфираа со резултат 9:11.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Филип Крајановски кој постигна 6 голови.