Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија совладана од Исланд, Олимписките игри останаа “пуста желба“
Македонија совладана од Исланд, Олимписките игри останаа “пуста желба“

Македонија совладана од Исланд, Олимписките игри останаа “пуста желба“

Македонија не успеа да отиде во следната фаза на Светското првенство по поразот од Исланд. Црвено-жолтите беа поразени со 22-24.

Ривалот отвори со гол за 0-1, по што следеа минути на црвено-жолтите. Влеговме во серија, одлично игравме во одбраната, а во напад казнувавме. Успеавме со головите на Ф.Лазаров, Пешевски, Георгиевски и Манасков да се одлепиме на 4-1. Неколку наши грешки во нападот Исланд ги искористи и погоди на празен гол, па изедначи на 4-4 во 14.минута. Потоа повторно на семафорот имаше резултатски егал беше 6-6, 7-7, 8-8, 9-9, ние поведувавме, а  ривалот изедначуваше. Успеавме благодарение на Ристовски кој одбрани пенал, а Лазаров погоди од 7.метри да поведеме со 10-8.  Во последните 30-сетина секунди влеговме со резултат 12-11, Раул Гонзалез побара минута одмор. Во последните секунди капитенот Кирил Лазаров успеа да погоди за 13-11, резултат со кој се замина на одмор. Борко Ристовски во првиот дел имаше седум успешни одбрани.

Првите десет минути од вториот дел минаа во знакот на Исланд, противникот успеа да ја намали негативата од два разлика, и во 40. минута да влезе со егал резултат. Во вториот дел нашите ракометари направија грешки во нападот, а тоа противникот знаеше умешно да го искористи и да дојде до нерешено, што за нив беше и одличен резултат во оваа фаза од дуелот. Во 44. минута Исланд за прв пат дојде до водство на дуелот 17-16. Во последните десет минути влеговме со негатива од еден гол и работите не одеа како што треба. Во голот на Поповски во 52.минута, Македонија дојде до егал, 20-20. Ривалот се одлепи и успеа да го котролира дуелот, победувајќи со 22-24.