Денес својот 18-ти роденден го прославува младиот голман на првиот тим на РК Вардар, Марко Кизиќ. Тој ги мина сите младински категории во црвено-црниот клуб и од оваа сезона доби прилика во сениорскиот тим каде дебитираше и во СЕХА лигата и ЕХФ ЛШ. За одбележување беше неговата партија со Металург, кога одбрани 14.удара кон неговиот гол на гостинскиот дуел во регионалното натпреварување.