Кадетите на ракометниот клуб Вардар, предводени од Будимир и Стаковски Ацо веќе од 3.јануари ги започнаа подготовките за пролетниот дел. Нивните први мечеви во младинската лига се веќе на почетокот од идниот месец, февруари.
Одлично досега се работеше во спортскиот центар “Јане Сандански“, каде во изминатите дваесетина дена работеа на физичка и тактичка подготовка. Денес црвено-црните кадети кои играат и во младинската лига ќе го имаат својот прв тест-дуел во новата 2019 година. Со почеток во 17-30 часот во салата “Автокоманда“ во Скопје ќе одиграат пријателски меч против тимот кој игра во сениорската Прва лига, екипата на РК Металург-2. Дуелот е одличен тест за досега сработеното во овие зимски подготовки.