Кадетите на ракометниот клуб Вардар, предводени од Будимир Андријана и Станковски Ацо се во подготвителен период, нив први мечеви во младинската лига се веќе на почетокот од идниот месец, февруари. Па така како дел од подготовките, денес црвено-црните кадети го имаат својот прв тест-дуел во новата 2019 година. Во салата “Автокоманда“ во Скопје одиграат пријателски меч против тимот кој игра во сениорската Прва лига, екипата на РК Металург-2.
Домаќинот кој е тим составен од момци родени 2000 година со неколку повозрасни играчи дојде до победа на мечот. Нашиот тим кој е составен од момци родени 2002-2003 во првиот дел беше во чекор со ривалот. Сино-белите заминаа на одмор со три плус 13-10. Во вториот дел одигравме со целиот ростер па домаќинот успеа да победи со 32-26. Сосема задоволија црвено-црните момци кои покажаа разновидност во играта и храбро се спротивставија на повозрасните ривал на оваа тест- средба.