За да може тимот да ги издржи сите напори во текот на сезоната потребно е да биде добро тактички но и физички подготвен. Секоја замислам на тренерот може да се исполни ако ракометарите можат да го издржат темпото што тренерот или пак противникот ќе го наметне. Ако имаш сила полесно се спроведува тактиката, полесно се спротивставуваш и тогаш ја покажуваш сопствената супериорност. Јуришиќ се грижи за многу други работи, а една од нив е физичката кондиција. Тој за официјланиот клубски сајт имаше свое интервју:
* Почетокот на сезоната е период кога малкумина спортисти па и ракометари го сакаат пред се поради фактот што тогаш се работи на физичка подготвеност а малку или речиси малку со топка. Колку сте вие во тој период омилени кај ракометарите?
– Вистинските спортисти знаат дека тоа им треба и треба да го одработи тој период, еден месец или пет седмици додека дојдат натпреварите. Во ракометот почнуваме од крајот на јули и подготовките траат до крај на август или почеток на септември. Во принцип ракометарите, па и спортистите повеќе сакаат теретана отколку трчање, иако во принцип потребни се и двете.
* Колку СЦ „Јане Сандански ” нуди услови за спортистите да бидат во топ форма?
– Ова што јас го имам видено во Европа, и што ми кажуваат ракометарите вакви услови нема во Европа. Имаш две сали за тренирање, спа центар, ресторан, супер опремен фитнес, аеробик сала. Барем јас не знам дека има некаде нешто подобро.
Дали е Вардар спремен за она што го чека пролетва?
-Имаме доста повредени, и тоа зависи кога сите ќе бидат подготвени. Но кога се игра осминафинале и четвртфиналето на ЛШ. Мислам дека во април можеме да бидеме многу опасни. Се надевам дека до април, и Горбок и Мораеш и Борозан ќе бидат во топ форма. Февруари може да биде малку критичен.
Целото интервју може да го погледнете овде!