Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар поконкретен и подобар, но само ремизираше во дуелот со Подбрезова
Вардар поконкретен и подобар, но само ремизираше во дуелот со Подбрезова

Вардар поконкретен и подобар, но само ремизираше во дуелот со Подбрезова

Денес го одигравме и петтиот контролен натпревар во Аланија. Екипата на Вардар одигра со нерешен резултат 1:1 во дуелот со екипата на Подбрезова од Словачка.

Тренерот Васоски го стартуваше мечот со следниве 11-сетмина: Гачевски, Жуниор, Новак, Манев, Брдаровски, Мицевски, Димовски, Али, Цветановски, Лира и Колевски.

Противникот од Словачка имаше почетна иницијатива на овој меч и имаше поголем посед на топка се до 10.минута од мечот. Сепак како одминуваше првиот дел, Вардарци беа поконкретни и поблиску до отварање на резултатот. Цветановски во 8.минута од мечот се најде во добра позиција, шутираше покрај голот, но и да ја затресевме мрежата, голот ќе беше поништен со оглед дека помошникот судија го подигна знаменцето, со оглед дека нашиот играч се наоѓаше во недозволена офсајд позиција. Ја презедовме контролата на играта, се обидувавме да створиме прилика, додека во одбраната делувавме добро и не му дозволувавме на тимот на Подбрезова да го загрози нашиот гол. Првиот директен удар, вардарци го имаа во 16 минута кога Бојан Колевски биеше од околу 25.метри, но само покрај голот на словаците. Се обиде и Лира во 18 минута, но ударот беше слаб и заврши во рацете на противничкиот чувар на мрежата. Во 31. минута во добра прилика се најде Колевски, но играта беше прекината поради офсајд позиција. Конечно се закани и екипата на Подбрезова и тоа дури во 33 минута, кога еден од нивните играчи биеше од голема далечина, но одбрани Гачевски. И во следните четири минути од мечот на два пати се заканија кон нашиот гол, во првит обид после нафрлена топка од левата страна, удар кој го брани нашиот голман, и во вториот обид многу поопасно еден од играчите на Подбрезова бие од 20 метри, брани Гачевски со крајни напори, за да не дозволи негатива. Вардар има за што да жали во првиот дел, со оглед дека ја пропушти својата најголема шанса во првите 45 минути. Се играше 39 минута кога Мицевски од пола терен додаде прецизна топка до Колевски, кој се најде во добра шанса да го отвори резултатот, но неговиот удар за малку оди покрај голот, по што резултатот остана оној почетниот. Тоа беше последната прилика во првото полувреме за двете екипи.

50629933_2055889904506013_4910784787846791168_n

Првата конкретна прилика во второто полувреме ја имаше Вардар во 53 минута кога нафрли Адем, а Жуниор со глава биеше над голот. Голема шанса имавме во 64 минута кога Димовски изведе корнер, се реши да додаде до Цветановски, а овој до Мицевски кој бие силно, но за малку покрај голот. Во 67 минута успеавме да го отвориме резултатот и тоа по изведен корнер, откако нафрливме во противничкиот шеснаесетник, изби голманот на противникот, за одбиената топка да стигне до Мицевски кој биеше од прва и ја погоди мрежата за предност од 1:0 на Вардар. Само две минути подоцна, Подбрезова имаше можност да израмни, но за среќа топката заврши покрај нашиот гол. Сепак во 76 минута екипата од Словачка успева да го израмни резултатот, акција која започна од противничката половина, невнимание во нашата дефанзивна линија, еден од играчите на противникот беше сам со нашиот голман Илиќ, кој е принуден да ја вади топката од мрежата. Во 86 минута се обиде Цветановски од голема далечина, топката заврши покрај голот.Немаше возбудувања до крајот, па мечот заврши со нерешен резултат 1:1.

За претстојниот викенд се предвидени уште два контролни меча, а во понеделник (4. јануари) експедицијата се враќа во Скопје.