Saturday ,21 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лигата на Шампионите во 2019 година ќе продолжи со мечот, Рајн-Некар – Вардар
Лигата на Шампионите во 2019 година ќе продолжи со мечот, Рајн-Некар – Вардар

Лигата на Шампионите во 2019 година ќе продолжи со мечот, Рајн-Некар – Вардар

Лигата на Шампионите во 2019 година ќе продолжи на 6.февруари со мечот помеѓу екипите на Рајн-Некар и Вардар. Ова ќе биде првиот дуел кој ќе се одигра во новата година. Веќе следниот ден, или на 7.февруари ќе гледаме “француско„ дерби во втората најсилна група, во кое ќе се сретнат екипите на Нант и ПСЖ. Останатите натпревари од 11. коло ќе се одиграат на 9 и 10.февруари

Рајн-Некар и Вардар ќе играат во САП арената со почеток од 19:00 часот. Вардар го доби последниот меѓусебен дуел, одигран во Сопје, со резулат 29:27. Без ниту еден одигран натпревар во новата година, бундеслигашот ќе се спротивстави на црвено-црните, додека Вардар денес го очекува меч од СЕХА-лигата против екипата на Војводина. Последниот дуел, Рајн-Некар го одигра на 27.декември минатаа година, кога беа поразени во дербито од екипата на Кил.