Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на РК Вардар со храбра игра го совладаа младинскиот тим на РК Работнички, победа на првиот меч во 2019
Кадетите  на РК Вардар со храбра игра го совладаа младинскиот тим на РК Работнички, победа на првиот меч во 2019

Кадетите на РК Вардар со храбра игра го совладаа младинскиот тим на РК Работнички, победа на првиот меч во 2019

Денес во С.Ц “Јане Сандански“ во рамки на првото пролетно коло од младинската лига екипата на Вардар предводена од Будимир и Станковски во тежок меч против далеку повозрасниот младински тим на Работнички дојде до победа. Кадетите на црвено-црните триумфираа со резултат 32-30.

51395664_2084580161656521_3729536290295644160_n

Дуелот започна со предност на гостите, тие во почетните минути имаа водство најпрвин со 0-1, а потоа поведоа и со 1-3 на оваа младинска средба. Потоа следеше период на црвено-црниот тим,  ние одигравме одлично во одбраната и влеговме во серија. Со 4-1, го преземавме водството и поведовме со 5-4 на овој дуел. Гостинот изедначи на 5-5, потоа се играше гол за гол се до 9-9. Повторно Работнички се одлепи овој пат на 11-14, но и повторно вардарци се вратија во игра. Со нова серија 4-1 успеавме на одмор да заминеме со резултатска симетрија на семафорот, 15-15.

51769680_2084578974989973_1976141777471537152_n

Во вториот дел за разлика од почетокот на првиот ние поведовме, најпрвин со 16-15, а потоа со 18-16, сепак ривалот успеаа да зиедначи на 18-18. Од тој момент па во текот на цел втор дел гледавме голема борба, нашиот млад тим кој е кадетски против повозрасниот гостински колектив се бореше за секоја топка. Успеавме максимално да парираме, и да играме игра гол за гол. Па во финишот влеговме со активен резултат 29-29. Кога се кршеше “дуело“ момците на Будимир и Станковски покажаа храброст и поентираа. Со три гола до крајот во мрежата на гостите, и со само еден во нашата дојдовме до голема победа. Триумфиравме со 32-30 на овој дуел.

51287859_2084579921656545_7371272539844116480_n

Кај нас Чакалиќ Бојан беше двоцифрен, тој погоди 10 пати на оваа средба.  Грујовски Велимир имаше исто така добра партија, тој стрелаше умешно 7 пати, Савревски Давид дуелот го заврши со 5 гола, погодок помалку имаше Калајџиески Симон.

 ФОТО: Iva Organdzieva -Рhotography