Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Лицето задолжено за здравјето на ракометарите, Виктор Стојанов: Доколку не ја сакате професијата многу е тешко да го издржите темпото на работа во врвен клуб како што е Вардар
Лицето задолжено за здравјето на ракометарите, Виктор Стојанов: Доколку не ја сакате професијата многу е тешко да го издржите темпото на работа во врвен клуб како што е Вардар

Лицето задолжено за здравјето на ракометарите, Виктор Стојанов: Доколку не ја сакате професијата многу е тешко да го издржите темпото на работа во врвен клуб како што е Вардар

Многу важен дел за еден успешен спортски колектив е секако и добар лекарски тим и физиотерапевти кои ќе се грижат за здравјето на играчите, како и за сите здобиени мали или големи повреди за време на тренинзите и натпреварите. Во нашиот случај, во следново наше интервју ќе ве запознаеме со Виктор Стојанов, кој моментално ја извршува функцијата, физиотерапевт во ракометниот клуб Вардар. За него може да се каже дека беше дел од секоја екипа на Вардар, започнувајќи од младинските категории, вториот, како и првиот тим на РК Вардар. Сепак неговиот почеток е многу интересен, а бил поврзан со играњето на ракомет. Првиот контакт со овој спорт го има поради Игор Котевски кој го воведува во ракометот. Интересно Виктор ги има поминато сите младински екипи на Вардар , воедно Стојан Петрушевски кој го предводи Вардар Јуниор, во кој моментално како физиотерапевт работи Виктор, долго време беше негов тренер. На 16 години добива повик од Веселин Вујовиќ во првиот тим на Вардар, каде се задржува една година, за потоа да замине во Хрватска, каде настапувал за екипата на Пореч.

51085232_743616406025682_664105972364476416_n

Сепак поради некои причини, Стојанов прекинува со ракометот и решава целосно да се посвети на медицината, денес е многу успешен физиотерапевт, присутен на сите спортски настани во ракометниот клуб Вардар, а беше дел од првиот тим во “златната„ 2017 година кога Вардар успеа да се искачи на врвот на Европа и да ја освои Лигата на Шампионите. Во следното наше интервју ве запознаваме токму со Виктор Стојанов, човекот кој има благородна работа да се грижи за здравјето на играчите.

1. Ракометот бил вашиот животен правец уште од мали години, како се случи од играч да станете физиотерапевт, тоа е вашата моментална работа која ја изршувате последниве неколку години во РК Вардар ?

-Целиот мој живот, уште од најрани години се занимавав со спорт, подоцна долго време играв ракомет и некако мојот живот одеше во тој правец да станам ракометар, но како и секогаш во животот никогаш не ни оди се по планот, па поради “икс„ причини престанав да играм ракомет. Во меѓувреме завршив средно медицинско училиште, отсек физиотерапија, по насоки на мојот татко кој исто така е физиотерапевт повеќе од 30 години и да не беше тој јас денеска немаше да бидам ова што сум сега. Мојата кариера како физиотерапевт започнува некаде пред 7 или 8 години, најпрво започнав како волонтер на клиниката за пластична хирургија во Скопје, каде останав една година, потоа работев 4 години на клиниката за анестезија реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) каде научив многу работи за мојата професија, во меѓувреме додека работев таму ги започнав и студиите. Потоа добив повик од ракометниот клуб Вардар и се натаму е веќе познато.

51344467_313374689523775_3031225228450594816_n

2. Што е се вашата работа како физиотерапевт во РК Вардар, како поминува еден ваш работен ден, натпревар или подготвителен период во ракометниот клуб Вардар. За што се, сте вие задолжени ?

-Работата на физиотерапевтите во РК.Вардар е нормално да се грижат за здравјето на ракометарите, но сепак кога работите со екипа има уште многу други пропратни работи. Како физиотерапевти имаме задолжение да присуствуваме на тренинзите, нормално и пред и после тренинг или натпревар доколку некој од ракометарите има некаков проблем  за да го санираме.

51121419_660430584373334_8038293596706701312_n

Вооедно да бидете дел од ваква екипа која е на највисоко ниво и е еден од најдобрите ракометни клубови во светот е навистина тешко и доколку не си ја сакате професијата многу е тешко да го издржите темпото на работа, како што  беше и делот од вашето прашање како поминува еден подготвителен период на екипата. Во тој период од сезоната физиотерапевтите се најповеќе ангажирани, има најмногу работа за нив после тренинзите, што некогаш таа работа траела и до доцна во ноќта.

51163526_1327771054030988_1923927250168709120_n

3. Имавте можност да бидете дел од историските моменти во 2017 година кога Вардар успеа да ја освои Европската титула. Како вие тоа одблиску го видовте, може ли да се опишат тие моменти и да се сподели чуството да имате можност да прославите освојување на ЛШ, покрај такви големи ракометни имиња какви што има Вардар ?

-Да, имав среќа да бидам дел од тимот што испиша историја, чуството да бидете дел од таква екипа е неописливо, но во исто време и носи многу голема одговорност. Тоа нешто што не може да се ошише со зборови, едноставно тој амбиент да седите еден до друг со најголемите имиња во ракометот, таа атмосфера со денови да разговараме нема да можам да ви ја опишам, затоа што тоа е момент што на секој спортист и спортски работник му посакувам да ја доживее, а тие малку што го имаат почуствувано тоа знаат за што зборувам.

51447846_326875654621331_7619929804590022656_n

Едноставно само можам да повторам дека сум навистина горд што заедно со моите колеги успевме да дадеме  минимален придонес за тој успех и да им се заблагодарам пред се на играчите што ни овозможија да бидеме дел од историја, бидејки тие се тие кои гинеа на терен а ние надвор од него (хехехехе).

4. Еден период бевте и ММА борец, учествувавте во неколку борби, зошто се откажавте од овој спорт ?

-Па да неколку години се занимавав и со тоа, учествував на неколку големи настани  организирани од некои од најголемите  организации во Европа. Мегутоа за жал во нашава држава овој спорт и не е баш развиен и е навистина тешко се сам да направиш, како и да е тоа за мене беше убав дел од животот.

5. Со Стојан Петрушевски поминавте најдолго, од моментот кога започнавте да ја извршувате функцијата на физиотерапевт во Вардар. Дали тоа е личноста од Вардар, со која најмногу се дружите и надвор од ракометните терени ?

51337103_340387363355592_4676211257735380992_n

-Хахахах, па да може да се каже дека најдолг период сум со Столе во Вардар, кога започнав во клубот бевме заедно една или две сезони не можам да се сетам точно, па имавме мала “пауза” од неколку години и еве сега сме пак заедно. Нормално ние се дружевме и во периодот коа не бевме во иста екипа, но можам слободно да кажам дека се работи пред се за еден добар човек и голем стручњак кој си знае работата. Секако дека и со сите други со кои работам и работев во Вардар имам исклучително пријателски однос, сепак сме ние нели големо семејство.

6. Кога не би биле физиотерапевт, што би работеле друго ?

-Уф, тешко прашање, па незнам најверојатно би бил спортист, навистина незнам .

51124278_307320446802625_7175251860247281664_n

7. Колку имате слободно време и како истото го поминувате ?

-Па со оглед на тоа што и немам многу слободно време во тетот на сезоната, тој еден или два дена слободни гледам да го поминам со најблиските, со мојата девојка најчесто и со пријателите, а за тоа што сакам највеќе да правам и баш немам многу време кога сум слободен да отпатувам некаде, незнам во последно време тоа што највеќе го сакам е да отпатувам некаде подалеку од секојдневните обврски.

51304328_381948015922105_590895411535806464_n

8. Со оглед дека бевте дел од лекарскиот тим во првиот тим, со кој најмногу од играчите се дружите ?

-Не можам да кажам дека не сме се дружеле и надвор од терените, лично јас во тој период бев близок речиси со сите играчи што во тој момент беа таму, но веќе ако морам да изберам некој, тоа се Стоилов и Карачиќ, со кои и ден денес сме блиски.

Звонко Ивановски