На нешто повеќе од една недела до натпревот кој го носи епитетот “меч на колото во ЛШ“, помеѓу РК Вардар и унгарскиот гигант, Веспрем билети има се помалку. Во моментот на објавување на оваа информација има нешто помалку од 500 билети во продажба. Унгарците дефинитивно ќе се сретнат со црвено-црниот пекол. Натпреварот се игра идната сабота, 16/02/2019 во СЦ “Јане Сандански“ со почеток од 18-30 часот.
Цената на поединечните билети за дуелот со Веспрем:
* 350 денари за местата на трибина
* 400 денари за А блоковите
Билетите ќе може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн на www.ticketplus.mk.