Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Може ли Фелипе да го носи Вардар до титула!?
Може ли Фелипе да го носи Вардар до титула!?

Може ли Фелипе да го носи Вардар до титула!?

Со доаѓањето односно враќањето на Хуан Фелипе во редовите на „црвено-црните“ од Скопје, се зголемија и шансите за анулирање на петте бодови предност на Шкендија и сериозно вмешување во борбата за титулата.

Со Фелипе во стартните 11-мина составот на Вардар е сосема поинаков тим. Фелипе добро знае како треба да ги поврзе редовите. Знае како да им даде пас на своите соиграчи и да им креира голема шанса за гол. Е тоа на Вардар му недостасуваше во есенскиот дел од сезоната.

Шкендија има страв од Фелипе!
– А како да нема. Захов најдобро го знае тоа. Голманот на Шкендија е омилена „мета“ на Фелипе. Нашиот играч често погодува против големиот ривал, а најубави се оние погодоци од слободни удари.

51974111_551596111999895_8301018069052948480_n

Ги посакуваа Битанг и Новак, а сега подготвуваат тактика за двоецот..
- Не е тајна дека Шкендија имаше сериозни намери да ги засили својте редови со двоецот на Вардар, Новак и Битанг. И двајцата, посебно Битанг, беа големи желби на тетовчани, но сега подготвуваат тактика за дуелот на 17-ти.

fkv-juninho

Жуниор „адут“ на Вардар.
– 
Ако игра како во дресот на Македонија ЃП, тогаш Жуниор ќе ги воoдушевува и „црвено-црните“ навивачи. Популарниот Жуни покрај Фелипе е огромно засилување за тимот од Скопје во овој зимски преоден рок. Левиот бек токму на ваквите дуели ќе треба да покаже зошто е доведен во најголемиот клуб во Македонија.