Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > Slider > Мораес Фереира: Верувам дека за следниот меч од ЛШ против Веспрем ќе бидам комплетно подготвен
Мораес Фереира: Верувам дека за следниот меч од ЛШ против Веспрем ќе бидам комплетно подготвен

Мораес Фереира: Верувам дека за следниот меч од ЛШ против Веспрем ќе бидам комплетно подготвен

Следната сабота, Вардар го оечкува нов натпревар во Лигата на Шампионите, во рамките на 12, коло кое од ЕХФ е прогласено за дерби на колото, црвено-црните се домаќини на екипата на Веспрем.

За овој многу важен меч, Вардар би требало да биде посилен за играњето на Мораес Фереира, кој после операцијата на коленото имаше период на рехабилитација. Сепак бразилскиот пикер верува дека ќе биде подготвен за дерби натпреварот на колото во ЛШ.

Минав дури 90% од процесот на рехабилитација, а сега почнав да тренирам и со топка. Во наредниот период, ќе тренирам нормално со моите соиграчи. Верувам дека за следниот меч од Лигата на шампионите против Веспрем ќе бидам комплетно подготвен. Се работи за „меч на неделата“, плус, играме во Скопје, истакна Мораес.

Се очекува тренерот Парондо за овој дуел да смета и на левиот бек, Вуко Борозан, кој исто така започна да тренира со екипата. Сепак многу поточно ќе се знае во наредните денови, како наближува дуелот.